Победничката на „Задруга 2“ и јутјуберка Луна Ѓогани неодамна се породи и на свет ја донесе втората ќерка Лана, а за медиумите откри дека се чувствува одлично по второто породување и дека е многу мотивирана да се врати во топ форма што е можно поскоро.
Според Република.рс, познатата блогерка освен што веднаш се фрли на диета и веќе почна со лесни вежби, планира да оди и под нож.
– Луна уште пред втората бременост забележала дека градите ѝ се многу попуштени, како од доењето на Миа, така и од интервенцијата што ја направила кога лекарите откриле промени на нејзините гради. Следуваше уште една бременост и спонтан абортус, што дополнително ги раздвижи нејзините хормони и многу влијаеше на нејзиниот физички изглед. Наскоро таа повторно остана во блажена состојба и успешно ја изведе целата бременост, а сега, кога роди второ девојче, има енергија и конечно да се посвети на себе и на својата форма. Се фрли на посебен режим на исхрана и многу работи на себе, а штом си ја врати првобитната линија оди и на реконструкција на градите за повторно да биде убава и целосно задоволна од својот изглед – кажал извор близок на Ѓогани и додава:
– Минатиот пат избра поприроден облик на градите, кои по честите флуктуации на килограмите и здравствениот проблем што го имаше, пребрзо се опуштија, како што е случајот со природните гради, а сега закажа да ги направи поцврсти и поголеми. , што нема да попушти дури и ако наскоро и се случи третата бременост. Во моментов таа сигурно не го дои бебето поради компликации и операција, кои ги имаше релативно неодамна, па не сакаше да се изложува на нов ризик ниту себе, ниту бебето.
Фото: Принтскрин/Пинк.рс/Инстаграм