Еден од најголемите заводници на српската музичка сцена, Саша Ковачевиќ, не крие дека е среќан и дека ужива со секој момент со својата избраничка, поранешната манекенка Зорана Тасовац.
Тој открива дека сонува да основа семејство и да се оствари во улогата на татко.
-Мислам дека тоа е суштината на животот, да имаш семејство, да имаш што повеќе деца и се надевам дека тоа ќе ми се оствари за брзо време, вели Саша и додава дека во врската му е одлично и дека уживаат заедно.
-Што се однесува на нас двајцара, функционираме како што треба! Уживаме во љубовта!, низ насмевка одговара пејачот за српските медиуми.