Позната по својот живот „на висока нога“ исполнет со луксуз, гламур и раскош, меѓу кои составен дел е и престојот на разни егзотични дестинации и скапите подароци, некогашната многу популарна ТВ водителка, денес можеби најпознатата скопска трендсетерка Мелита Ракичевиќ меѓу другото е позната и по споделувањето неизмерна љубов. Кога е вљубена – е вљубена, кога некого сака, очигледно го сака… „до балчак“! И не се труди тоа да го сокрие, напротив… Подготвена е да ги сподели сите убави моменти, дури и оние подискретните, што за многумина се во доменот на нивната интима.
Така е и овој пат кога изгледа повеќе од јасно дека Мелита е одново вљубена.
Нејзиниот рецепт за совршена љубов го знае само таа, но очигледно е првокласен, зашто атрактивната скопска трендсетерка секогаш го добива она што го посакува. Така е кога е побарувачката во прашање, ама што е со понудата, е следното прашање?
И покрај тоа што е во „зрели“ години, Мелита изгледа како да доживува „втора младост“. Се’ уште привлечна, пожелна секси, со бујни атрибути и заводлив шарм на кој тешко некој може да му одолее. Ако и фати око, речиси со сигурност умее да направи се’ за тој да влета во нејзината дискретно фрлена „љубовна мрежа“!
Само што некогаш „уловот“ бргу станува „потрошена жртва“, а некогаш „ловецот“ не може да престане да мисли на она што го „уловил“. Како во последниов случај на Мелита, во кој љубовната теорија вели дека има хемија дури и преку телепатија…
„Доколку не можете да престанете да мислите на на таа, една личност, тоа е затоа што и таа постојано мисли на вас“! – споделила расната скопска убавица.
А кога веќе љубовта е обострана, за истата „да се бетонира“ потребно е блискоста да се сподели на многу различни начини… Помалку или повеќе омилени! Мелита откри која и е омилената поза… Барем за старт на она што следува. Во седечка положба со едната нога подсвиткана во колено, а другата до крај испружена.
И тоа во секоја прилика… И кога само позира како филмска дива и кога е подготвена до крај да ужива!
Аутфитот може да го има, а може и да го нема. Само штиклите и страста се задолжителни!
@melita_mel7♬ Sex and the City (Main Theme) – TV Sounds Unlimited
Фото: Инстаграм/melitameli
Видео: TikTok/melita_mel7