Радио Милева светска кариера

Катарина Ивановска топлес: Моделот само по долна облека за „Викторија Сикрет“

Катарина Ивановска топлес: Моделот само по долна облека за „Викторија Сикрет“

Катарина Ивановска важи за една од најубавите македонски модели која постигнала интернационална кариера.

Нејзината става и убавина беше забележана од челниците на светски реномирани познати брендови на чии модни писти Катарина чекореше.

Таа неколку години живееше во Америка, градеше светска кариера, а во една прилика истакна дека можеби требало повеќе да остане надвор од државата и потоа да се врати.

фото: tobias dick

Ивановска и овде продолжи со своите професионални успеси, а во меѓувреме се реазлираше во улога на мајка, односно ги доби синот Вања и ќерката Кира.

И по породувањето Кики изгледа во топ форма и како да не родила две деца.

Моделот е активна на социјалните мрежи, па некогаш знае да сподели некоја фотографија од некој професионална активност или пак некој приватен момент.

фото: tobias dick

Деновиве, Ивановска се потсети на својот ангажман за светски реномираниот бренд – „Викторија Сикрет“ односно два пати снимаше каталог за нив, па на социјалните мрежи сподели неколку ретро фотографии од тој период.

На нив, моделот позира по долна облека, а горниот интимен дел е покриен со раце:

„Малку ретро фотографии од Викторија Сикрет. Ми недостига работата“, напиша Кики.

Под објавата се нижеа позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.

Очигледно на Ивановска и недостига работата односно манекенството кое е  на „пауза“ поради пандемијата со коронавирусот, а дали повторно ќе ја видиме да позира за некој светски бренд останува да видиме.

Фото: Инстаграм принтскрин/katarina_ivanovska

To top