Радио Милева тегет мода

Само (една има) вистина, на све баш и не иде тегет чорапа: Градоначалниче на Кисела Вода, врска да се немало од мода! (ФОТО)

Само (една има) вистина, на све баш и не иде тегет чорапа: Градоначалниче на Кисела Вода, врска да се немало од мода! (ФОТО)

Кампањата за претстојните локални избори во полн замав. Медиумите преплавени, особено телевизиите со реклами, дуели, дебати… Среда, 6-ти октомври, Канал 5 телевизија и емисијата „Само вистина“, а во неа лице в лице, еден спроти друг двајца градоначалнички кандидати.

Од една страна актуелниот градоначалник на скопска Кисела Вода од редовите на СДСМ, Филип Темелковски и кандидатот за градоначалник и претендент да му ја земе градоначалничката функција, Орце Ѓорѓиевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. И додека обајцата во дебатата полека ја вжештуваа атмосферата,  отвора широк кадар камерата и веднаш гледаш кој  ја утнал работата. Овој пат на моден план…

Палто и панталони или што би рекле костум, кошулче, црни чевли а во нив, прочуената „тегет чарапа“! И тоа прошарана со по некоја апликација во вид баклава, налик на знакот на спортската марка „Умбро“…

Небаре дошол на фудбалче на пољанче у маало, а не на политичка дебата на телевизија.

А можеби имиџот комплетирал според онаа прочуената на К15: „Тегет чорапа иде на све… Темно тегет чорапа за секоја пригода…“!

Арно ама,  не е баш така! Само (една има) вистина, на све баш и не иде тегет чорапа, а ти градоначалниче на Кисела Вода, врска да се немало од мода!

За она другото нема потреба ниту од дебати ниту од нови мандати… Градоначалничкото знаење, умеење и вештини, веќе ги видовме во изминативе четири години!

To top