Радио Милева Сила во ранливоста

Само два месеци по прочуеното интервју, Опра Винфри и принцот Хари имаат нов проект

Само два месеци по прочуеното интервју, Опра Винфри и принцот Хари имаат нов проект

Принцот Хари и Опра најавија емисија за менталното здравје само два месеци по големото интервју. Во емисијата ќе се емитуваат и интервјуа со други познати личности кои носат некаква форма на нерешена траума, загуба или тага.

Принцот Хари (36) е еден од креаторите и извршните продуценти на шоуто за ментално здравје „Јас што не можеш да го видиш“, кое ќе го снима заедно со водителката Опра Винфри, а неговото емитување ќе започне наскоро и нема да биде бесплатно.

Имено, 36-годишниот Хари го најави шоуто во видео во кое вели дека повеќето луѓе носат некаква форма на нерешена траума, загуба или тага. Со тоа тој даде до знаење дека во шоуто ќе се зборува за неговото ментално здравје и загубата на неговата мајка принцезата Дајана, како и за сè што минуваше откако Меган Маркл стана дел од британското кралско семејство, односно неговата сопруга.
Во шоуто ќе има и интервјуа со пејачката Лејди Гага, актерката Глен Клоуз и Nвездите на НБА, Де Мар Де Росен и Ленгстон Галовеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah)

Тие ќе ја занемарат културата, возраста, полот и социо-економскиот статус со цел да дестигматизираат крајно погрешно разбрана тема и да им дадат надеж на гледачите, кажувајќи им дека не се сами во своите борби.

Шоуто треба да започне да се емитува на 21 мај, објави Опра Винфри преку соопштение за јавноста, како и на социјалните мрежи, а Хари рече дека се надева дека неговиот последен проект ќе покаже дека има сила во секоја ранливост.

Веста доаѓа два месеци по шокантното интервју што Хари и Меган само што го снимија со Опра, во кое, меѓу другото, зборуваа за нивните борби со менталното здравје.

Поврзани теми

To top