Ѕвездата на „Сексот и градот“, Ким Катрал го крие приватниот живот, а со момчето Расел Томасон ретко се појавуваат заедно во јавност.
Меѓутоа, овој пат одлучи на својот Инстаграм профил да сподели фотографија на која уживаат во еднодевна прошетка.
Ким во описот на фотографијата напиша: Поминете го роденденот со оние кои ги сакате. Ти благодарам за убавиот ден.
Повод за нивното славење беше роденденот на Ким кој неодамна наполни 62 години.