Радио Милева

Саканата на Роналдо открива како се запознале во бутикот каде таа работеше како продавачка

Саканата на Роналдо открива како се запознале во бутикот каде таа работеше како продавачка

Џорџина Родригез, девојката на Кристијано Роналдо, откри дека се сретнале во продавница за брендирана гардероба  во Мадрид и на прв поглед се заљубувале. Таа тврди дека чувството било заедничко. Тоа беше во јуни 2016 година.

За прв пат, Роналдо го запознала  во продавница на Гучи, каде што работеше како продавач- асистент.

фото:принтскрин/инстаграм

“Неколку дена подоцна, се видовме на еден  настан, а потоа можевме да зборуваме во релаксирана атмосфера надвор од мојата работна средина. Тоа беше љубов на прв поглед за двајцата “, рече таа во интервјуто за италијанскиот „Ел“.

Џорџина и Роналдо се во врска  речиси три години и ја имаат ќерката Алан Мартин. Убавата бринета, исто така, се грижи за двегодишните близнаци Ева и Матеја и неговиот осумгодишен син, Кристијан Јуниор. Таа го опишува својот свет како идиличен. По будењето на децата, следи појадокот, игра со нив пред ручек. Во попладневните часови тој сака да спие, да оди во теретана или во спа, а денот најдобро завршува со телевизија.

фото:принтскрин/инстаграм

“Нашата куќа е нашето светилиште, нашиот храм изграден со толку многу љубов”, рече таа.

To top