Братот на пејачката Рада Манојловиќ тргна по нејзините стапки и почна да се занимава со музика.
Тој откри дека му се допаѓа дечкото на својата сестра и сака нивната врска да ја крунисуваат со брак.
„Ако на неа и е добар, на мене ми е уште подобар. Пред нив е блескава кариера, ако се паметни и мудри ќе знаат да го искористат тоа. Харис и јас се запознаваме во „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи првпат се појави со мојата генерација. Тој е вистинско момче, со Рада ми беа на свадба“, изјави Ненад.
Тој истот така откри зошто со сестра му не се гледа толку често.
„Рада и јас сме многу различни, се гледаме еднаш во три години. Ретко се слушаме. Таа е една најпознатите пет ѕвезди на Балканот и многу е зафатена. Секој слободен момент гледа да го искористи за својот приватен живот, изјави братот на пејачката.
Инаку, иако во медиумите неколку пати се шпекулираше дека Рада и Харис ја раскинале врската, таа неодамна изјави дека во љубовта се е како што треба.
фото: Дамир Дервишагиќ