Мегафон

“Саем за венчавки” – Wedding Expo 2023, од 10-12 март во хотел „Александар Палас“

“Саем за венчавки” – Wedding Expo 2023, од 10-12 март во хотел „Александар Палас“

Саемот за венчавки кој ќе се одржи од 10-12 март во хотел „Александар Палас“ ќе понуди богата програма во сите три дена.  Отворањето на саемот е предвидено за 10март од 17ч. за посетители, а во 21ч ќе биде свечениот дел кога на пистата ќе прошетаат многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Во текот на вечерта ќе има и музички дел и многу забава. Водител и домаќин на саемот оваа година е Ведрана Ѓоргевиќ. Во делот на програмата за сабота и недела ќе има неколку индивидуални ревии, а посебен сегмент ќе биде и приказот на соодветни фризури и шминка за идните невести. На сцената ќе има познати мејкап артисти кои ќе презентираат и ќе делат совети за совршен изглед за големиот ден.  За прв пат во Македонија ќе имаме и презентација на моден дизајн во 3д форма , а најдобрите дизајнери ќе добијат и посебно признание. Секако најголемата забава за идните невести ќе биде прошетката низ трите хали во хотелот каде најдобрите дизајнери, декоратери, фотографи, ресторани и се што е потребно за организација на големиот ден ќе го изложат на простор од 2000м2.

Секако убавината на саемот не се само иновациите но и големите попусти кои ќе ги добиете доколку аплицирате за нашата шопинг картичка која ја добивате бесплатно, а се што треба да сторите е да пишете на меилот:  [email protected],   [email protected]  и да ги оставите вашите податоци (тел. име и датум за свадба).

Организатор на настанот е магазинот www.vobelo.mk!

To top