Мегафон

Саем на книгата од 8-14 септември на отворено во СЦ „Борис Трајковски“

Саем на книгата од 8-14 септември на отворено во СЦ „Борис Трајковски“

Саемот на книгата 2021 годинава ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено, во А1 Арена во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Оттаму најавуваат дека издавачите се подготвени да ги понудат своите најнови изданија и својата богата понуда со големи саемски попусти.

Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца. Согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата на РСМ, за Саeмот на книга 2021 ќе бидат обезбедени сите мерки за кои посетителите и изложувачите ќе бидат соодветно информирани. Заради безбедноста и оваа година Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор.

Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14. септември од 10 до 17 часот. Билетите ќе може да се набават онлајн и на билетарниците пред влезот на саемот.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје

To top