Мегафон

Саботниот концерт на Шербеџија е распродаден, останаа уште малку влезници за в недела

Саботниот концерт на Шербеџија е распродаден, останаа уште малку влезници за в недела

Првиот од двата концерти на Раде Шербеџија, кои ќе се одржат викендов во МОБ, е веќе распродаден, соопштува „Авалон“, додавајќи дека пред распродавање се и влезниците за вториот концерт закажан за в недела, 5 ноември.

Познатиот музичар и актер со холивудска слава ќе биде придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“, а како специјални гости најавени се Гаро и браќата Тавитјан, Каролина Гочева и Јана Стојановска. Освен што ќе го промовира материјалот од својот нов албум, Шербеџија ќе ги отпее и познатите класици како што се: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од теби не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и други. Двата концерта се со почеток од 21 часот.

To top