Радио Милева го погреба со песна...

Ружица Кериќ, вдовицата на клавијатуристот кој го возеше Шабан Шаулиќ: Му течеа солзи додека го исклучуваа од апаратите

Ружица Кериќ, вдовицата на клавијатуристот кој го возеше Шабан Шаулиќ: Му течеа солзи додека го исклучуваа од апаратите

Ружица Кериќ, сопругата на починатиот Мирсад Кериќ професионалниот музичар кој загина во сообраќајната несреќа заедно со Шабан Шаулиќ, собра сила по погребот да ги раскаже последните моменти од животот на нејзиниот сопруг, кого лекарите морале да го исклучат од апаратите што го одржувале вештачки во живот.
Шабан инсистирал Мирсад да ги вози. На негова  иницијатива тргнале на патот кон аеродромот, иако за тоа биле задолжени луѓето кои се одговорни за тоа, истите оние кои  и ги однеле од аеродромот. Затоа, Мирсад морал да ја  премести клавијатурата зад неговото возачко седиште, за кумот Боби да може да седне назад, зад Шабан.

„Таа иста клавијатура која ја преместил и го уби. Она што по семејството го сакаше најмногу на светот, она со што пари за живот заработуваше и го уби“ –  раскажала Ружица и се присетила низ каква агонија и болка  морала да мине кога и рекле дека ќе мораат да го исклучат Мирсад од апаратите кои го одржувале вештачки во живот.
Пред болницата ме чекаше брат ми и посака да запалиме по една цигара, а јас во тој момент бев тотално изгубена. Кога стигнавме во одделот, докторот ни пријде и ме покани во собата. Потоа ме погледна и ми кажа дека мојот Мирсо не издржал, дека неговиот мозок е мртов и само вештачки го одржуваат во живот, па затоа ќе мораат да му извршат еутаназија. Ја удрив главата од ѕидот и му реков да не ги гаснат апаратите, бидејќи јас контактирав со најдобрите невролози во Германија, со еден во Берлин и друг во Диселдорф. Сакав да го проверат, да го вратат, но ми рекоа дека тоа не е можно. Неговата глава беше отворена бидејќи јавниот обвинител тоа го побарал. На сопствена совест лекарот не го послушал  јавниот обвинител и мојот Мирсо го одржувале во живот, додека ние не пристигнеме таму и не се збогуваме со него. Кога влеговме во собата, на Мирсад од левото око по образот почнаа да му се слеваат солзи. Нашиот син му ги избриша солзите и сакаше тие да останат засекогаш во неговата дланка.

„Паднав на колена и молев лекарите да не ги гасат апаратите, но не бев свесен дека тие само вештачки го одржуваат во живот. Апаратите беа исклучени во 22.35, потоа Мирсо засекогаш замина“ – ќе рече Ружица Кериќ.

„Музиката беше неговиот живот. Тој  со само четири години почнал да свири на сајзер, а таа иста клавијатура висеше на ѕидот во нашиот стан. Со четири години на неа совршено свирел три кола. Тој играше фудбал во ТУС Кобленц, каде што потпиша и професионален договор, но неговата мајка потоа мораше да плати парична казна од 20.000 марки, бидејќи  го прекршил договорот само за може да и се посвети на музиката. Нашата куќа беше музичка куќа, нашите деца пораснаа со музика , нашата љубов бешее посилна со музиката. Клавијатурата го уби, музиката го уби и нека музиката го придружува на вечниот пат. Никој не треба да не обвинува што го испративме со песна, затоа што јас сум сигурна дека тоа ќе беше и неговата последна желба“ – ќе изјави неутешната вдовица за српски Курир.

Фото: westfalen-blatt.de/ приватна архива

To top