Радио Милева

Рустичен шмек и позитивен хаос: Ѕирнете во домот на Тијана Дапечвиќ (фото)

Рустичен шмек и позитивен хаос: Ѕирнете во домот на Тијана Дапечвиќ (фото)

Велат дека кај музичарите дома секогаш владее позитивен хаос, а дека тоа е така кај неа уште од рано наутро, потврдува и Тијана Дапчевиќ.

Имено, Тијана деновиве по подолго време засвири на своето виолончело, а причината беше евровизиската „Proud“, па токму оттогаш како повторно да му се врати на својот сакан инструмент по кој наедно има и факултетска диплома.

Но, од приложената фотографија Тијана не само што ни покажа како изгледа во релакрирано и опуштено домашно издание, таа откри и како изгледа дневниот простор во нејзиниот дом каде живее со синчето Вук и сопругот Милан.

фото:инсатграм/тијанадапчевиќ/принтскрин

Досега само делумно нејзините следбеници имаа прилика на социјалните мрежи да ѕирнат во нејзиниот дом, а овој пат таа го отвори кадарот малку пошироко. Рустичниот шмек и позитивниот хаос како и музичките инстрименти се  највпечатливите детали во нејзиниот дом.

фото:инсатграм/тијанадапчевиќ/принтскрин

Она што Тијана сакаше да го каже е дека не прави ништо додека не го испие своето утринско кафе, па вели:

Додека не го испијам првото утринско кафе, и тоа она домашно( во народот познато како „бунарку“), јас не знам ни збор, ни ноти, ниту гледам, ни слушам (ниту ме интересира). Сакам само на мир да испијам кафе за жирката а обврски да може да почне, вели Тијана за своите утрински ритуали под домашниот кров.

To top