Руската манекенка Ирина Шајк упати поддршка до укранискиот народ по нападот на Русија врз Украина.
На својот „Инстаграм“ објави симбол на мирот и ги повика следбенците да и помогнат на Украина.
-Не за војната. Ќе донирам за УНИЦЕФ и за украинскиот Црвен крст. Ве молам најдете линкови за донации и ресурси на моите сториња. Дадете колку можете. Ве молам за мир во светот, напиша Ирина.
View this post on Instagram
Таа и на „Инстаграм стори“ објави и фотографии кои настанале во сокривиштата во кои се наоѓаат Украинците.
-Ве молам, донирајте барем еден долар. Како воопшто може да спиете, да работите или да функционирате додека ова се случува?, напиша таа.
Ирина уште претходната недела се огласи по повод ситуацијата во Украина. Таа објави фотографија од земјината кугла преку кој се наоѓаше симбол на мир.
фото: Инстаграм