Руската актерка Аглаја Тарасова била во врска со познатиот српски актер, Милош Биковиќ, познат по улогите во филмот „Монтевидео“ и филмот и серијата „Јужен ветер“, а неговите фанови можеби не ги знаат деталите како ја запознал нејзината мајка, несудената баба!
„Милош и јас се забавувавме долго време, од 2016 до 2018 година и во еден момент логично беше да го запознаам момчето со мајка ми. Тој и јас разговаравме и сфативме како најдобро да го сториме тоа, но заради бројните обврски, не стигнавме да ја реализираме замислата.
Случајно, Милош во тоа време доби улога во филмот „Митови“, а таму играше и мајка ми Ксенија Рапапорт (46) исто така позната руска глумица – изјави убавата актерка за руските медиуми и продолжи:
„Бев шокирана кога Милош ми рече дека од сите актерки во филмот, мајка ми ја игра неговата љубовница и дека ќе имаат една жешка сцена! Редовно одев на снимањето на филмот , но тој ден кога се снимаше секс сцената помеѓу моето момче и мајка ми, не ми беше дозволено да се појавам. Останав дома, седнав, гледав во една точка и си помислив: „Боже, каков е животот…“!
Љубовната сцена на Ксенија и Милош се одвива и во театар, и тоа среде претстава. Во моментот кога ликот на Биковиќ седи во ложа, мајката на Аглаја пристигнува кај него, тој веднаш започнува со соблекување и двајцата водат љубов.
Милош Биковиќ не сакаше да зборува многу за таа тема, но тој потврди дека ја запознал мајката на неговата поранешна девојка на исклучително необичен начин.