Јавните личности кои постојано се изложени под будното око на јавноста и рефлекторите, секогаш изгледаат скоцкано, уредено, елегантно, со шминка, високи потпетици…
Пејачката Викторија Лоба со руско потекло и убавина пред објективот на камерата секогаш е скоцкана од глава до пети, па често може да се вброи во листата на убави жени, а како и не, кога потекнува од Русија.
Таа е доста активна на социјалните мрежи на кои често постира објави со кои покажува како го поминува своето слободно време, промовира одредени производи, брендови на кои е заштитен знак, а некогаш знае да открие и по некој детаљ од приватноста.

Изминатите неколку месеци поради пандемијата со короната, повеќето естрадни уметници не настапуваат, а Лоба овој период го поминува заедно со својот сврешник во нивниот дом во центарот на Скопје.

Така на своите следбеници на Инстаграм им покажа како го помина изминатиот викенд. Имено, во „Инстаграм стори“ таа сподели како лежи во кревет, со соберена коса и без грам шминка.

„Недела“, напиша пејачката покрај фотографијата, а дефинитивно недела ја искористила максимално да ужива и да ги полни батериите.