Руската манекенка Ирина Шајк (35) позира топлес и повторно покажа зошто ја нарекуваат најсексапилната жена на светот.
Ирина на својот Инстаграм профил споделила фотографија на која позира така што не ѝ се гледаат градите, а фотографијата е направена за промоција на една веганска линија за нега на кожата.
Многумина оцениле дека рекламата изгледа многу сензуално и дека за тоа посебно допринела токму манекенката.
„Ја чувствувам енергијата на кралицата“, „Секогаш си неверојатна“, „Ирина – руска божица на убавината“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, медиумите во изминатите неколку месеци известуваа дека Русинката е во врска со познатиот рапер, Каније Вест, но неодамна порталот „Пејџ сикс“ објави дека нивниот однос сепак се ‘заладува’, бидејќи наводно не е видена на неговиот настап кон крајот на јули во Атланта.