Манижа, претставничката на Русија на годинашната „Евровизија“, настапи во првото полуфинале и се пласираше во финале, трет пат по ред, а нејзиниот настап го никого не остави рамнодушен.
Таа првично беше во огромен фустан, изработен специјално за оваа пригода, на кој се наоѓаат материјали од многу делови на Русија, а кои ги украсија разни народи кои живеат во најголемата земја во светот.
Малку подоцна, таа се ослободи од овој специјален костим, па остана во комбинацијата на црвена облека, за која и оддаде почит на работничката класа.
Манижа, која има 29 години, звучеше одлично додека ја пееше песната „Русинка“, а вревата што се правеше околу нејзиното претставување на Русија на овој натпревар не стивнува со недели.
Имено, многумина и испратија многу негативни коментари, бидејќи сметаат дека Русинките не треба да ги претставува некој што не е од нивната земја. Манижа е родена во денешен Таџикистан, кој некогаш бил дел од Советскиот Сојуз.
Таа е израсната во муслиманско семејство, а нејзиниот татко се спротивставил неговата ќерка да биде пејачка, бидејќи тоа „не е добар избор за муслиманките“.