На официјалниот профил на Твитер на Евровизија пишува дека Русија е исфрлена од натпреварувањето.
Пред донесување на ваквата одлука, ЕБУ одвоил време да се консултира опширно со своето членство.
-Европската радиодифузна унија соопшти дека ниту еден руски изведувач нема да учествува на овогодинешното наптреварување на песна за Евровизија.
– Извршниот одбор на ЕБУ ја донесе одлуката врз основа на денешната претходна препорака на управното тело на „Евровизија“, Референтната група, врз основа на правилата на настаните и вредностите на ЕБУ.
-Препораката на Референтната група ја поддржа и телевизискиот комитет на ЕБУ. Одлуката ја одразува загриженоста дека, во светло на кризата без преседан во Украина, вклучувањето на Русија ќе ја доведе конкуренцијата до „лоша репутација“.
-Остануваме верни на нашата цел да ги штитиме културините вредности кои ја спојуваат публиката од цела Европа и ги слават разликите низ музиката.
Statement from @EBU_HQ regarding Russia’s participation in the Eurovision Song Contest 2022.https://t.co/HmKJdqVE4J pic.twitter.com/tVH6yFxzbq
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) February 25, 2022
Инаку, ЕБУ претходно соопшти дека Русија нема да биде исфрлена од натпреварувањето бидејќи Евровизија е културан настан. Meѓутоа, бидејќи многу држави се загрижени поради нападот врз Украина, организаторите ја исфрлија Русија од натпреварувањето.
Евровизија 2022 година ќе се одржи во Торино, Италија.
фото: epa/efe/ Robin Van Lonkhuijsen/profimedia