Познатата хрватска музичка ѕвезда Јелена Розга беше дел од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ во организација на општина Кавадарци, кој се одржува децении наназад како една убава најава за бербата на грозјето.
Розга за првпат беше во градот на виното и ракијата кој и годинава го посетија илјадници посетители не само од земјава, туку и од странство.
Пејачката на сцената се појави во бел фустан кој ја оцртуваше нејзината витка линија на телото, а акцентот беше на нејзиното длабоко деколте.
Публиката уживаше во најголемите хитови на пејачката повеќе од час и половина, додека машкиот пол од публиката речиси се препотуваше на секоја необична поза на Розга која беше ултра динамична на сцената.
Уште на почетокот таа најави дека ќе се симне во публиката за да се дружи во нив, а тоа и го направи. Еуфорријата беше уште поголема, а присутните од првите редови врискаа на сиот глас.
„Тиквешкиот гроздобер“ заврши вчеравечер со концертот на Здравко Чолиќ кој неколкупати доаѓа во Кавадарци.
Целото видео од настапот на Јелена можете да го погледнете во продолжение: