Ретко кој не се сеќава на убавата Росалинда од времето кога кај нас се прикажуваа шпански серии.
Убавата Росалинда и денес плени со својата убавина и женственост, а деновиве се појави на Латино Греми наградите.
Талија(48) пред се е пејачка која остана перманентна на музичката сцена, а на црвениот килим се појави во проѕирен црвен фустан со широк отвор под градите.
Нешто подоцна, Талија ја прими наградата за кариера долга десет години.
Таа им се заблагодари на присутните, а во ова издание „пукаше“ од сексапил.
Долгата коса и остана како заштитен знак, а тешко кој би ја заборавил и таа широка бисерна насмевка.