Радио Милева
честитки

Романтично запросување на плажа: Кортни Кардашијан се сврши со тапанарот по неполна година врска

Романтично запросување на плажа: Кортни Кардашијан се сврши со тапанарот по неполна година врска

За врската на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, тапанарот на групата „Blink 182“ се дозна во февруари оваа година, а сега музичарот ја запроси Кортни.

Тапанарот Баркер клекнал пред хотелот „Роузвуд Мирамар бич“ опкружен со рози и свеќи, со што ја изненадил Кортни која со години во реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ зборуваше дека никогаш нема да се омажи.

Тие со радосните вести се пофалија на социјалните мрежи.

„Засекогаш, Тревис Баркер“, напиша 42 години реалити ѕвезда во описот на фотографија на која се бакнуваат на плажа.

Веднаш следуваа честитки, а Ким Кардашијан објави фотографии од пресрќениот пар на кој се гледа и огромниот дијамантски прстен.

Освен Ким, на нивната свршувачка присуствуваше и трета сестра Клои Кардашијан со нејзиниот партнер Тристан Томпсон.

„Кортни беше многу возбудена кога ги виде Клои и Тристан. Тревис ја однесе на плажа каде што беше поставена декорацијата од црвени рози и свеќи, а изгледаше многу романтично. Видов насмевка на нејзиното лице, а таа со двете раце ги покри усните кога тој ја запроси.Семејството славеше заедно со нив, а потоа се вратија во хотел“ вели извор близок на парот.

Двојката размислува за брак, а нивните семејства одлично се согласуваат.

„Заљубени се до уши и никогаш немаат искусено таква љубов. Кортни е најсреќна на светот.Травис ја обожава и одлично се однесува со неа. Ова им е поразлична врска од претходините и тоа во позитивна  смисла“, тврди изворот.

фото: профимедиа/бацкгрид уса/ медиа мунчх/инстаграм/кортни кардашијан/твитер/ким кардашијан

Останати вести од Радио Милева