За Тамара Тодевска и нејзината нова љубов, архитехтот Лука Радовиќ, изминатиот продолжен викенд беше идеален за во празничната агенда да се додаде нешто несекојдневно, а истото да биде во духот на празникот.
Па така, вљубените гулапчиња се решија за тура низ Галичник со густирање на сите нешта кои се нудат таму. Од храната, па се до јавање коњи по живописните патеки.
Тој на коњ, а и таа, качени еден зад друг создаваа нови спомени и заеднички искуства кои само ја носат врската на нова стаза или повисоко ниво.
Сите почетоци се возбудливи и интересни, па сигурно дека за оваа нова љубовта двојка тоа и како е случај.
Тамара и Лука не ја кријат својата љубов, па на своите профили на Инстаграм објавија галерија заеднички фотографии од оваа љубовна екскурзија на Гачличник.
Дека врската им станува се’ посериозна докажува и тоа што Лука и беше придружба и на семејни прослави каде беше заедно со неа.
За потсетување, Тамара пред неколку месеци откри дека се разделиле со сопругот Александар Димитровски- Мачка, но останаа во пријателски односи заради доброто на децата.
фото: Instagram printskrin