Турскиот актер Џан Јаман од серијата „Романтичарот“ кој има голема база на фанови и во Италија, беше гостин на емисијата „Верисимо“ емитувана на каналот во земјата „Canale 5“.
Одговарајќи на прашањата на Силвија Тофанин на италијански јазик, актерот рече дека учел во италијанското средно училиште:
„Јас бев најдобр во училиште. Имам талент за јазик. Бев вредно дете и добив стипендии што беа потребни додека моето семејство се бореше економски, ми го спасија животот.”
Актерот, исто така, и одговори на водителката кога праша за неговиот однос со колешката Демет Оздемир или Санем од „Романтичарот“ .
„Ние сме само пријатели. Таа многу ми помогна на снимањето. Се надеваме дека повторно ќе работиме заедно. “- вели тој.
На прашањето дали има некој во неговиот живот во моментов, Јаман рече:
„Сега сум сингл, но би сакал да имам врска како и сите други. Овие работи не можат да се планираат. Јас сум отворен за сè “, рече тој.