Радио Милева нов живот

Романа Паниќ конечно се смири по сите скандали: Од затвор во Австралија до италијански ресторан во Белград (ФОТО)

Романа Паниќ конечно се смири по сите скандали:  Од затвор во Австралија до италијански ресторан во Белград (ФОТО)

Пејачката Романа Паниќ се смири по бројните скандали, а сега ужива во љубовта со непознат маж за јавноста, со кој започна бизнис во Белград. Имено, пејачката и нејзиниот избраник, со оглед на тоа што се големи љубители на италијанската кујна, бидејќи дека живееле во таа земја, дошле на идеја да отворат ресторан со италијанска храна. Како што откри Романа, идејата за бизнисот ја имале заедно, а тој го започнал бизнисот, додека таа му помага во се’.

„Така е, почнавме бизнис, поточно мојот избраник. И јас помагам, прекрасна приказна, тоа е мал ресторан со италијанска кујна. Ја сакам нивната кујна и така таа прекрасна идеја се роди“, вели таа за Телеграф.

По цели три години, Романа неодамна си ја отвори душата и раскажа засега непознати детали за издржување на казната во затворот во Австралија.

„Едноставно јас сум таква, а Австралија е специфична земја со посебен систем. Љубовта кон една личност, затоа што правев се’ од љубов, како и тоа лудило, што го прифатив тој компромис, дека некој во мојата врска имаше дете, не осудив некого што направил нешто, туку бев некако негов поддржувач, па се најдов во таква ситуација. Испадна дека сум соучесник, а кај нас сите се обидоа да објаснат дека јас сум организатор“ – ја започна пејачката својата приказна за „Скандал“.

„Сакав на луѓето да им раскажам дел од мојата приказна, го имам тој дневник, кој го пишував во затвор. Не можам да им го објаснам тоа искуство на луѓето, на крајот остануваш сам, го имаш само Бога до себе си. Немаш телефон, никаков контакт со надворешниот свет. Буквално успеав да се спасам со молитви. Филип ми е партнер, останавме заедно без разлика на сиот тој притисок. Си пишувавме писма, тој ми напиша неколку песни. Никогаш не требаше да добиеме некаква казна, бидејќи кога ќе направиш прв прекршок, потоа те пуштаат, ќе добиеш само условна казна, а ние бевме принудени на поинаква казна“ – раскажа Романа.

Фото: Инстаграм/romana_panic

To top