Радио Милева Во пензија

Роџер Федерер со тешко срце пресече: После 24 години кажа крај

Роџер Федерер со тешко срце пресече: После 24 години кажа крај

Роџер Федерер кажа крај.

По повеќе од две децении кариера и 20 грен слем титули, своевремено најдобриот тенисер на светот, Роџер Федерер заминува во пензија.

Веста дека еден од најголемите тенисери во историјата ќе го закачи рекетот на клин разочара многу љубители на спортот, а тој во оваа прилика излезе и со официјално соопштение.

Бројните здравствени проблеми кои го мачат легендарниот Швајцарец преовладаа и покрај неговата голема желба да се врати на терените. Сепак, повредите на коленото го направија својот данок, а телото на Федерер повеќе не можеше да го издржи напорот.

Роџер реши да учествува во родниот Базел, каде настапуваше со години, а со турнирот „Лејвер куп“ на кој ќе играат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Енди Мареј и други големи имиња на белиот спорт ќе стави крај на својата кариера.

За време на импресивната кариера која започна во далечната 1998 година, Роџер Федерер освои 103 АТП турнири и со години беше играч број еден во светот.

фото:Guliver Getty Images

To top