Додека во жирито на „Ѕвездите на Град“ Вики Миљковиќ трпи постојани прозивки од страна на колегите, таа на приватен план живее бајка со сопругот, композиторот Драган Ташковиќ и нивниот син Андреј.
Меѓутоа, не било така на почетокот, иако денес важат за еден од најскадните двојки на српската естрада. Вики неодамна призна дека нејзиното и семејството на Драган ја забранувале нивната љубов и венчавка.
-Потекнувам од строго семејство, кое никако не сакаше да ја продолжам врската со него, а напоредно со тоа родителите на мојот сопруг само ја влошуваа ситуацијата со своите ставови. Иако бевме млади, тој имаше 22, а јас неполни 19 години, одлучивме да се бориме. Морам да признаам дека доа траеше долго, но опстоивме благоарение на нашата љубов. Дури по долго време се поправија односите меѓу нашите семејства, признава Вики.
View this post on Instagram
Таа во наколку наврати истакна дека бракот го одржуваат бидејќи и двајцата живеат естраден живот и постојано се изненадуваат со романтични подароци.