Модните трендови понекогаш се несфатливи за повеќето од нас, но оние општо прифатените знаат да бидат чудни, необични и несоодветни за дел од повозрасните.
Со една таква ситуација се соочи ТВ водителката Снеже Велков, а за истата прокоментира јавно преку својот Инстаграм.
Се’ почна од снимањето на празничните изданија на нејзината емисија „Нешто конкретно“. Како што вели Снеже, украсени, насмеани, декорирани, намонтирани… Од студиото, па до водителката.
View this post on Instagram
Декорирано со празнични детали за да сјае пред камерите, а стилизирана и водителката, баш онака како што сметаше дека е соодветно за едни вакви празнични снимања.
Па така, модниот избор на Снеже беше елегантен и сочинет од префинета сива свила на горен дел со голо раме и панталони во истата нијанса.
За сите одговорни за крајниот целокупен ефект совршено беше се’, но кога ова го видоа на телевизија родителите на Снеже беа загрижени за ќерка си.
Не дека нешто лошо и се случило, туку дека може да и се случи зашто е вака разголена, односно со голи раце, заклучи нејзината мајка.
-Леле како те гледам во телевизор ладно ми е. Значи друг пат без палто да не се појавуваш. Тоа е тој генерациски јаз, додаде Снеже.
Спопред татко и пак, има и утешителни околности, а тоа е дека нема дупло голо, па на нозете е покриена, носи панталони.
-Според мајка ми- сум се смрзнала. Според татко ми- добро е, барем панталони имам, замисли и нозете да ми биле голи.
Снеже за оваа родителска грижа и констатација сподели јавно, па и таа имаше свој заклучок дека генерацискиот моден јаз е клучот во случајот.
Сепак, ние би додале и дека без оглед на возраста, за родителите децата секогаш ќе бидат деца за кои тие мора да се грижат или барем да покажат загриженост.
фото: Instagram printscreen/ nestokonkretno1 and velkovsneze