Радио Милева воодушевува со нејзиниот изглед

Родила ќерка на играч на Барса па син на ѕвездата на Ливерпул: Лорена стана хит во Англија

Родила ќерка на играч на Барса па син на ѕвездата на Ливерпул: Лорена стана хит во Англија

Дарвин Нуњез пристигна во Ливерпул, а со него и неговата „поубава половина“.

Ливерпул потврди – нивно ново засилување е Дарвин Нуњез, поранешната ѕвезда на „Бенфика“, поради што мораше сериозно да го „одврзат кесето“.

Неговиот трансфер би можел да се искачи на 100.000.000 евра, а медиумите на Островот веќе „се грижат“ за неговата девојка. Новиот играч на Ливерпул се забавува со поранешната девојка на поранешниот фудбалер на Барселона!

Нуњез е во врска со Лорена Мањас од Шпанија. Тие двајца веќе имаат дете, а Лорена му го дала името Дарвин, исто како и таткото на детето. Но, тоа не е нејзиното единствено дете.

Лорена ја има и седумгодишната ќерка Клои, која ја доби со Алеис Видал, поранешен играч на Барселона. Видал не се снајде во тој клуб, а сега го носи дресот на градскиот ривал Еспањол.

Лорена и Дарвин Нуњез се сретнаа додека Уругваецот играше за Алмерија, за да се преселат заедно во Португалија кога напаѓачот потпиша за Бенфика во 2020 година.

Инаку, Лорена е девет години постара од 22-годишниот Дарвин, а не се сомневаме дека британските таблоиди ќе бидат воодушевени од нејзиниот изглед во Англија.

фото:Принтскрин/Инстаграм/lorenaamanas/darwin_n9

 

To top