Синчето на македонската мисица, модел и пејачка Кристина Димитриевска кое го доби од бракот со Х-фактор ѕвездата Даниел Кајмакоски, малиот Давид наполни пет години.
Роденден е денот што го чекаме цела година, па затоа малечкиот со душа ја чекаше забавата што најблиските му ја приредија.
Балони, конфети, детско шампањско, грст роденденски подароци и секако, роденденска торта и тоа во вид на широк автопат по кој и малечкиот славеник пред тортата да се исече, проба да го повози својот „Мерцедес“ – играчка, со кој за малку ќе го „ изораше патот“…
За среќа, тука беше мама Кристина да ја спречи хаваријата.
Ако некој прашува зошто торта во вид на автопат и „Мерцедес“, точниот одговор треба да го даде мисицата, или можеби таква била желбата на малечкиот славеник?
Мама често е на пат, тато Данеил „постојано“ и тоа во странство“, а децата најчесто го впиваат она што го гледаат и доживуваат!
Патем Кајмакоски изгледа и годинава како и лани не успеа да најде време да се појави на роденденот на неговиот син, а и ништо не објави, никаква јавна честитка на социјалните мрежи, што не значи дека и приватно не го сторил тоа. А можеби и присуството и подарокот ќе бидат со одложен тајминг, па ќе стигнат подоцна?
А, кога е роденден треба да се наздрави со славеникот, па покрај мама, која со бакнеж прва му го честиташе роденденот на своето синче, тука беше и вујче да наточи полни чаши.
Од детското шампањско на малиот Давид, а бело винце за возрасните, за едно роденденско „Наздравје“, со убави желби за здравје, радост, среќа, безгрижно детство…
А, славеникот и вујче Горан, најмногу се сакаат!
Мама пак не би била тоа што е, манекенка и модел, да не знае како да се облече по најнова мода… Или барем во ист тон со нејзиниот мал славеник!
Елегантно – спортски во коцкест дезен, во кој го обележи најубавиот ден – петтиот роденден на нејзиното синче! Нека му е најсреќен!
Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry