Радио Милева

Роби Вилијамс стана татко по четврти пат

Роби Вилијамс стана татко по четврти пат

За многу изведувачи „Денот на вљубените“  беше посебен бидејќи го искористија овој датум  за да ги промовираат своите нови албуми, песни, концерти…

Меѓутоа, пејачот Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд на 14 февруари објавија дека станеле родители по четврти пат.

„На овој „Ден на вљубените“ сакам да ја  прославиме љубовта на најневоројатен начин….Бо Бенедикт Ентовен Вилијамс“ напиша Ајда на својот „Инстаграм“ профил и го откри името на синчето.

фото: Принтскрин/инстаграм

Во продолжение на објавата таа откри дека Бо е нивен биолошки син, но дека на свет го донела сурогат мајка.

„Благословени сме што имаме здрав син и сега официјално сме комплетирани како семејство“  додаде таа во описот на фотографијата.

Роби со Ајда е во брак е 2010 година, а освен новороденчето синче имаат и 17 месечна ќерка Коко, ќерката Теди и синот Чарлтон.

To top