Радио Милева сведочење

Роберт де Ниро се соочи со асистентката која го обвини за сексуално вознемирување: Еве што кажа (фото) 

Роберт де Ниро се соочи со асистентката која го обвини за сексуално вознемирување: Еве што кажа (фото) 

Холивудската ѕвезда сведочеше на првиот ден од судењето за случајот со жената со која соработуваше со години.

Холивудскиот актер Роберт де Ниро се појави вчера пред Федералниот суд во Менхетен, додека поранешниот асистент Греам Кејси Робинсон поднесе серија тужби против него, вклучувајќи ги и оние за родова дискриминација и сексуално вознемирување.

Холивудската ѕвезда сведочеше на првиот ден од судењето за случајот со жената со која соработуваше со години.

Тој бил многу намуртен кога пристигнал во судницата, а „Дејли мејл“ пренесува дека накратко ги коментирал обвинувањата.

– Тоа се прости глупости – рекол тој на судењето.

Робинсон работеше за Де Ниро помеѓу 2008 и 2019 година и добиваше 300.000 долари годишно пред да се откаже од функцијата негов потпретседател за производство и финансии.


Жената, која со години беше задолжена за сè, од украсување на елката на Де Ниро до носење во болница кога тој падна по скалите, го тужеше за отштета од 12 милиони долари за силна душевна болка и оштетување на неговиот углед.

Патем, де Ниро го имаше својот прв правен случај против поранешна асистентка во 2019 година, кога неговата продукциска куќа ја тужеше за наводно крадење и гледање  Нетфликс на работа со часови.

Фото: Принтскрин/Профимедиа/Гетти Имаџес

To top