Радио Милева се држи

Роберт де Ниро проговори за тоа како се носи со улогата на татко на седмо дете

Роберт де Ниро проговори за тоа како се носи со улогата на татко на седмо дете

Легендарниот холивудски актер Роберт де Ниро ја коментираше веста дека неговиот колега, оскаровецот Ал Пачино ќе добие дете на 83 години.

Американскиот актер Роберт Де Ниро неодамна во емисијата „Today“ ја коментираше веста дека неговиот колега Ал Пачино наскоро ќе добие дете.

Роберт и Ал заедно глумеа во филмот „Ирецот“, а Де Ниро е среќен што Пачино ќе има ново засилување.
– Тој е неколку години постар од мене. Господ да го благослови – изјави Роберт.

Роберт призна дека тој и Ал веќе планираат состаноци со најмалите деца.

– Ќе си играме со играчки на подот – рекол актерот.

Да потсетиме, Де Ниро неодамна ја шокираше јавноста со тоа што случајно призна дека добил седмо дете. Имаше две деца, Дрина и Рафаел, со првата сопруга Дајан Абот, а со втората сопруга Грејс Хајтауер има уште две деца: Елиот и Хелен. Тој ги има близнаците Арон и Џулијан со поранешната девојка Туки Смит.

фото:EPA Images

To top