Радио Милева има нешто трето

Роберт Билбилов со порака до понежниот пол: „Џабе се депилиравте…“, ама, дали е џабе?

Роберт Билбилов со порака до понежниот пол: „Џабе се депилиравте…“, ама, дали е џабе?

Ова лето, нема лето – очигледно! Или како што некој рече, есента никогаш не била поубава во јули! температура до кај 25-26 степени, облачиња, ветрче и дождец, а сепак топло… А, народот очекуваше пекол, па темелно се подготвуваше да летува на море, езеро, планина…

Особено понежниот пол. Козметика, солариум, фризура, маникир, педикир, бричење од препони до под пазуви, костими за капење, шапки, очила за сонце… Трошоци еден куп, а сонце – нигде.

Токму, отприлика со такава порака во една од своите Инстаграм приказни на дамите им се обрати македонскиот музичар, композитор, продуцент и пејач, хитмејкерот Роберт Билбилов.

Постирајќи фотографија од временската прогноза на Сител со експертот – метеоролог, господин Трајко, Билбилов шеговито напишал: „Џабе се депилиравте, нема лето“!

И не дака не е во право, ама, само во вториот дел на пораката… Она: „…нема лето“ – е точно! А, дека депилирањето им е џабе…? Не сме баш сигурни! Зашто, иако нема сонце и лето,  секогаш има нешто – трето! А го има и во лето и во зима! Депилација – за побројна нација!

 

To top