По силниот земјотрес во Албанија има жртви, неколку настрадни, а некои и луѓе го изгубија својот дом.
Албанската пејачка Рита Оро замина во Албанија каде што ќе помага на настраданите од земјотресот, а на едно семејство ќе помогне да ја обнови куќата.
„Јас предлагам на оние кои можат да пронајдат некое семејство, хуманитарна организација или некој друг начин за да помогнат во обновувањето на куќите на жртвите од катастрофата. Прво семејество кое го одбрав е Сала“ откри пејачката.
Рита најави дека ќе работи на проект со албански дизјанер, а приходите од истиот ќе бидат доделени на настрадните од земјотресот.