Македонските хакери, таинствената група „Анонимуси“ објави дека ја срушиле страницата на англиската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, откако на социјалните мрежи објави мапа на Голема Албанија која зафаќа делови од сегашните територии на Србија, Црна Гора, Македонија и Грција и испрати пораки за Косово.
Сношти, AnonOpsMKD објави на Твитер дека ја презела официјалната веб-страница на Дуа Липа и дека тие го сториле тоа „чисто од научни цели за оние кои мислат дека немаат капацитет“ и дека таа нема да биде функционална еден час и во тој момнт изгледаше вака:
Нешто подоцна, групата објави и дека „ја испратила и другата пејачка со албанско потекло, Рита Ора, на нива да ора два часа, што е доволно за почеток“, односно дека ја презела и нејзината веб – страница.
„Косово е веќе поставено на сите мапи, како дел од Србија“, напишаа македонските Анонимуси, а овој нивни потег не остана незабележен и во медиумите во Србија, кој на своите портали го објавија чинот на македонските хакери.
Фото: Инстаграм принтскрин/ Недељник – Профимедиа