Радио Милева

Рита Ора е во љубовна врска со „Спајдермен“

Рита Ора е во љубовна врска со „Спајдермен“

Откако ја раскина свршувачката со Ендрју ват, па се раширија гласините дека се забавува со манекенот Ејал Букер, сега странските медиуми пишуваат дека пејачката Рита Ора е во врска со актерот познат по улогата на „Спајдермен“, Ендрју Гарфилд.

-Рита се довери на пријателите за новата романса пред околу еден месец. Се уште се во рана фаза, но си се допаѓаат еден на друг и оставаат да видат како ќе им оди. Нивните работни агенди ги отежнуваат нештата, но остварија вистинска конекција, вели извор за „The Sun“.

Foto: YouTube/The Late Show with Stephen Colbert

Гарфилд во септември е виден како се бакнува со актерката Сузи Абромет која ја играше протагонистката на Марвел, Џесика Џонс, но се наведува дека нивната романса е завршена.

Актерот претходно се забавуваше со актерката Ема Стоун во која се заљуби по снимањето на „Спајдермен“.

To top