Пред да започне годинешната Евровизија 2019 во тел Авив, дел од македонските медиуми, меѓу кои и нашиот портал Вистина.ком.мк ги објави имињата на најавените членови на македонското стручно жири во текстот: „Еве кој е во нашето стручно жири за Евровизија 2019“.
Членовите на жирито ги одбира националниот сервис во секоја земја, така што кај нас изборот го прави МРТ. Во него првично беа најавени: претседателката Сузана Стефановска, музичка уредничка и водителка во МРТ – Радио 2, а заедно со неа своите гласови ќе ги дадат и виолончелистката и пејачка Фјола Исмаили, поп-пејачот Роберт Вукелиќ, диџејката Христина Мицковска и авторот и пејач Александар Митевски.
Но, во последен момент, заради семејни обврски ( матурата на ќерката -н.з.), Александар Митевски го откажал учеството, а на негово место дошол гитаристот, вокалист и автор Ристо Апостолов, познат како лидер на рок групата „Водолија“.
Така што му се извинуваме на авторот и пејач Александар Митевски, за ненамерно сторената грешка, односно објавениот пропуст, со тоа што сега ја објавуваме исправката.
Редакција Вистина.ком.мк