Радио Милева
празнична магија

Ристе Ристески новогодишно ги украси и домот и дворот: Младата „Гранд ѕвезда“ и неговата сестра, направија куќата да блеска (ВИДЕО)

Ристе Ристески новогодишно ги украси и домот и дворот: Младата „Гранд ѕвезда“ и неговата сестра, направија куќата да блеска (ВИДЕО)

Еден од најдобрите и најхаризматичните кандидати и единствениот македонски победник (2017) во  „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Ристе Ристески по паузата во настапите и јавните појавувања што ја направи заради корона пандемијата, се враќа на сцената.

Ристе веќ ги објави своите настапи за наовогодишните празници, а настапот за најлудата ноќ се’ уште го чува во тајност иако најави дека наскоро ќе објави каде ќе ја дочека со свој настап Новата 2022 година.

А, ако е Нова Година и атмосферата мора да биде новогодишна, па затоа пејачот се погрижи празнично да го украси свој дом и дворот.

Елката се подразбира дека мора да биде накитена, особено ако истата е во бела боја, па на неа се’ мора беспрекорно да светка, блеска, трепка и сјае…

И на крајот најважниот од сите украси, ѕвездата на врвот, која делото го краси!

Но Ристе не го украсувал домот сам, туку во китењето и новогодишната декорација му помагале оние од помладата генерација. Неговите две помали сестри Aнастасија и Марија кои со пејачот се партнери во се, па и во украсување и китење.

Особено постарата од нив, која му помогна на брат и’ новогодишните украси, лампиони и светилки да ги распоредат не само во домот, туку и во дворот.

Од божиќното венче на влезната врата, преку сијаличките на оградата што ги дели со нивнит соседи…

…До зимзелените дрвореди од туји, што блеснаа во ноќта, кои  ја покажаа сета моќ и магија на предновогодишната и божиќна атмосфера.

Откако убаво се’ украсија и направија божиќниот дух и празничната магија да влезат во дворот и куќата на младата „Гранд ѕвезда“, Ристе и семејството продолжија да ездат на брановите на нивната семејна хармонија, во која со најубави желби ќе ја дочекаат Новата 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

Фото: Инстаграм принтскрин/riste_risteski

Останати вести од Радио Милева