Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Ристе Ристески живее на релација Белград – Охрид.
Набргу по победата тој се пресели во Србија, а периодот е на принудена пауза од музиката поради пандемијата со коронавирусот која трае речиси една година.
Ристе не беше активен на социјалните мрежи, па долго време не објавуваше каде е и што прави, се до неодамна кога објави неколку фотографии покажувајќи дека ужива во зимската идила на Копаоник.
По релаксацијата на снегот, пејачот се врати во родниот Охрид, а отаму се пофали дека упорно работи на својот физички изглед и кондиција.
Имено, тој сподели дека вежба во теретана, но и дека се релаксира во базен, а многумина можат да забележат дека го сменил личниот опис, односно пуштил брада.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/riste-risteski-ima-nov-imidz-pejachot-pozirashe-razgolen-a-vo-novoto-izdanie-teshko-bi-go-poznale-foto/
Деновиве, Ристе повторно постираше објава од теретана, но овој пат во фокус паднаа неговите набилдани мускули.
„Само со напорна работа“, напиша како објаснување на фотографијата.
Сигурно сме дека во директни пораки добил и многу комплименти за својот изглед.