Единствениот македонски победник на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески пред повеќе од една година се пресели во Белград да живее.
Како што истакна тогаш тој таму живее во изнајмен стан и се труди да се прилагоди на белградскиот начин на живот.
Ристе замина во соседна Србија за да може да се посвети на својата музичка кариера, да создава нови песни, да настапува….
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/skromno-i-bez-mnogu-detali-dzirnete-vo-iznajmeniot-stan-na-riste-risteski-vo-belgrad-foto/
Меѓутоа секогаш кога има прилика тој се враќа во родниот Охрид каде обожава да го поминува времето со своите најблиски.
Регионот, па и светот поминува низ тежок период поради короната, а Македонија, како и Србија се вонредна состојба и се повеќе се преземаат построги мерки за заштита од пандемијата.
Ристе наместо во Белград, тој се врати во родниот Охрид каде што го поминува времето во кругот на најблиските, но и во убавините на ова македонско туристичко место.
Пејачот во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели што прави кога нема обврски, односно откри дека се вози на велосипед по кејот на Охрид.
Веруваме дека така ги полни батериите и се отргнува од негативните вести и размислувања, а исто така и дека се ова набрзо ќе заврши, па Охрид ќе биде преполн со туристи.