Радио Милева

Ристе Ристески е единствениот Македонец кој победи во „Ѕвездите на Гранд“, а сега со нов потег пред неговата публиката

Ристе Ристески е единствениот Македонец кој победи во „Ѕвездите на Гранд“, а сега со нов потег пред неговата публиката

Ристе Ристески сите го паметиме по учеството и победата на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, пред две години, Ристески со гласови од публиката го освои првото место и тој е единствен Македонец кој досега има победено во музичкото шоу.

 

View this post on Instagram

 

#zvezdegranda 2017

A post shared by Riste Risteski Official (@riste_risteski) on

По победата Ристе се врати во родниот Охрид и имаше настапи низ цела Македнија. Исто така тој ја издаде својата прва песна „Добро јутро тајно“.

фото; принтскрин/инстаграм

Охриѓанецот пред крајот на претходната година замина во Белград каде што се пресели да живее и да ја гради својата музичка кариера.

Ристески периодов активно работи на својот нов видео запис и на својата нова песна која наскоро треба да излезе во етерот.

На својот „Инстаграм“, Ристе сподели неколку фотографии од снимањето.

„Уште те има во крвта, неизлечиво“, напиша Ристе во описот на фотографијата.

фото: принтскрин/инстаграм

Како ќе изгледа новата песна на македонскиот победник останува да видиме.

To top