Радио Милева Кога дете прашува....

Рики Мартин откри што му одговорил на синот кога прашал зошто има двајца татковци

Рики Мартин откри што му одговорил на синот кога прашал зошто има двајца татковци

Пејачот Рики Мартин веќе подолго време не ја крие својата сексуална ориентација и ужива во тоа заедно со својот партнер Гван Џозеф скоро четири години.

Животната желба на Рики за големо семејство се оствари, па тој и неговиот партнер се горди родители на четири деца.

Иако не сака да открива приватни детали од неговиот живот, пејачот сега раскажа што му одговорил на неговиот син кога го прашал зошто има двајца татковци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

– Беше во моето срце и сè уште си во моето срце – одговори пејачот на неговиот наследник и додаде:

„Му објаснив, затоа што не можеше одговорот да остане само на тоа. Му кажав дека постои жена која што ја обожувам и која што ми помогна да ги донесам на овој свет. Жена која „ми го позајми својот стомак“ за да се родат тие, а кога се родија ги зедов во моја прегратка. Тој одговори: „Во ред“ и продолжи да игра“, раскажал Мартин.

Да потсетиме, Рики и неговиот добија наследник по четврти пат пред нешто повеќе од една година – синот Рен Мартин Јосиф

.Метју и Валентин ги родила сурогат мајка во 2008-та година, а Мартин направил пауза во кариерата за да им се посвети токму нив.

To top