Радио Милева заслужено

Ријана за првпат сместена на Форбсовата листа на милијардери

Ријана за првпат сместена на Форбсовата листа на милијардери

Пејачката Ријана е сместена на Форбсовата листа на милијардери за 2022 година, на која се најде како најдобро рангирана музичарка.

Имено, пејачката минатиот август стана милијардерка, а на листата на „Форбс“ се наоѓа на 1729-то место со вредност од 1,7 милијарди долари. Нејзиното богатство во голема мера потекнува од козметичката линија „Fenty Beauty“, која во 2020 година оствари приход од повеќе од 550 милиони долари.

Ријана е воедно и првата личност од островот Барбадос која доспеа на Форбсовата листа.

Освен Ријана, на листата се наоѓаат и Канје Вест и Џеј-Зи. Канје се наоѓа на 1513-то место со вредност од 2 милијарди долари, додека Џеј-Зи е на 2076-то место со вредност од 1,3 милијарди долари.

На врвот на овогодишната листа е директорот на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, кој е „тежок“ 219 милијарди долари и е најбогата личност на светот, според пишувањата на „Форбс“.

To top