Хит-пејачката Ријана, не пропушта прилика да ги демонстрира своите телесни кавалитети. Таа сега повторно го искористи својот шарм и облите форми за да го промовира сопствениот бренд за долна облека.
32-годишната пејачка од Барбадос објави неколку жешки фотографии и видеа на социјалните мрежи на кои ги сподели своите најнови модели од нејзината специјална кампања за колекцијата наменета за „Денот на вљубените“.
На нив, пејачката носи полупроѕирен црвен комплет долна облека, кој вклучува црвени секси латекс ракавици до лакти и жартиери од истиот материјал. Заводливиот изглед на Ријана дополнително го подига адреналинот, зашто таа на фотосесијата изгледа како модел изваден од некој секс шоп, што пак и донесе илјадници нови лајкови на профилот на брендот.
„Мислеше дека си единствената вљубена?! Колку слатко…“, напиша таа под едно од видеата. Во кампањата, која ја сними Денис Леополд, се појавуваат и ар ен би ѕвездата Мигел и неговата сопруга Назанин Менди. Ријана која излегува со раперот A$ AP Rocky, им посака убав ден и бурна ноќ на вљубените за престојниот „Свети Валентин“.
„Правете го она што го сакате најмногу. Насочете го центарот на вниманието кон вас и оставете ја вашата сакана да го искористи тоа.
Ако нешто ве прави да се чувствувате добро и секси, слободно направете го тоа“ – порача Ријана.