Светски познатата пејачка Ријана знае како да направи добра реклама. На Инсатграм објави неверојатно секси фотографии позирајќи облечена во сопствената линија на долна облека, Savage x Fenty.
Убавата пејачка ги претстави моделите на затварањето на њјјоршката модна недела, а во ревијата вклучи и две трудници.
View this post on Instagram
Ријана ги промовираше различностите, бидејќи долната облека која го носи нејзиниот потпис, доаѓа во сите големини. И самата се најде на удар на хејтерите кога се здебели, но често изјавува дека ги сака своите облини.
View this post on Instagram
-Се доаѓа со цена. Ако сакате да имате задник, ќе имате и вишок на стомакот, објаснува таа во една прилика.
View this post on Instagram
Дека и нејзините фанови ги сакаат облините, покажуваат трите милиони лајкови кои ги заработи на само една од фотографиите каде позира во долната облека.