Радио Милева

Ријана се опи во емисија, па ја шокираше Америка со ова нејзино признание

Ријана се опи во емисија, па ја шокираше Америка со ова нејзино признание

Ријана учествуваше во популарниот предизвик „Day Drinking“, а по неколку часа пиење алкохол пејачката потполно се опушти.

Судејќи по коментарите Ријана “повторно покажала дека е сериозен цар“, а бројот на прегледи неконтролирано расте од минута во минута.

Многумина забележале дека кога Ријана се опуштила тогаш во нејзините зборови сè повеќе се чувствувал нагласокот од Барбадос, а едно нејзино признание ја шокираше Америка.

фото: Принтскрин/јутуб

Станува збор за тоа дека Ријан не гледала ниту една епизода од серијата „Игра на тронови“.

„Не, никогаш. Ниту една епизода“изјави Ријана.

Како изгледаше овој предизвик можете да поглендете во продолжение.

За потсетување, Ријана последниот албум го издаде во 2016 година, а наскоро планира да објави нови песни.

 

To top