Ријана откри дека е бремена по вторпат, за време на нејзиниот многу очекуван настап на полувремето на „Супербоул“ финалето во американско рагби годинава. Веста за приновата ја потврди и нејзиниот претставник за јавноста.
Пејачката од Барбадос избра настап без специјални гости на стадионот „Стејт фарм“ во Глендејл, Аризона, САД. Таа го почна настапот во живо – прв по седум години, на сцена високо издигнаата над стадионот, облечена целосно во црвено.
This performance specially this section ❤️❤️❤️❤️ choreography is insane #rihanna #SuperBowl #RihannaSuperBowl #riri #badgalriri #wildthoughts #RihannaNavy @rihanna @AppleMusic @NFL pic.twitter.com/NUNt4v3Pk5
— Nikhil Thakur (@nikzthakur27) February 13, 2023
Обожавателите беа почестени со избор од нејзините хитови, вклучително и „Bitch Better Have My Money“, „We Found Love“, „Only Girl in the World“, „Rude Boy“, „Work“, „Wild Thoughts“, меѓу коишто и две песни што таа ги сними со контроверзниот рапер Кање Вест, обвинуван за јавно искажани предрасуди општествено неприфатливи ставови и мислења.
Притоа имаше тн. „лајтшоу“ и огномет, а пејачката cе преоблече во долга црвена наметкап за да заврши со хитовите „Umbrella“ и „Diamonds“.
Познати лица беа забележани меѓу публиката на стадионот со 63.000 седишта, меѓу кои и Џеј Зи, Флојд Мејведер, Адел и сер Пол Макартни.
Зборувајќи пред спектаклот, Ријана рече дека има „нешто возбудливо“ во предизвикот на изведбата и по раѓањето на нејзиниот син се чувствува како да може „да го преземе светот“.
– Кога ќе станеш мајка, се случува нешто каде што се чувствувате како да можете да се соочите со светот. Може да направите сè, а „Супербоулот“ е една од најголемите сцени во светот. Колку и да беше страшно – бидејќи не сум била на сцена седум години, има нешто возбудливо во предизвикот на сето тоа. И за мене е важно да го направам ова. Оваа година е важна за мое претставување и важно е мојот син да го види тоа, образложи пејачката.
Фото: Принтскрин/Профимедиа