Радио Милева
Неверојатна

Ријана ги помести сопствените граници: Пејачката се прошета полугола со стомак до заби (фото)

Ријана ги помести сопствените граници: Пејачката се прошета полугола со стомак до заби (фото)

Пејачката Ријана е веќе во поодмината бременост, а со нејзината најава дека ќе добие дете, светот доби нов моден тренд. Имено, во текот на целата нејзина бременост имавме можност да го гледаме нејзиниот стомак како расте и расте бидејќи таа упорно се трудеше тоа да му го покаже на целиот свет.

Ријана се појавуваше со гол стомак на речиси секој настан, а светот тоа го прифати на два начина. Еден дел тврди дека Ријана поставила нови модни стандарди и дека придонела трудниците да имаат поголема слобода и да бидат поопуштени кога е во прашање нивното тело и неверојатните промени кои се случуваат во него.

– Се надевам дека успеавме да го редефинираме она што досега се сметаше за „пристојно“ за трудниците. Во моментов во моето тело се случуваат неверојатни промени и нема да се срамам од тоа. Овој пат треба да биде прослава. Заошто би ја криела бременоста? Кога дознав дека сум бремена, си помислив: „Нема шанси да купам нешто во породилиште. Извини, премногу е забавно да се соблечам. Нема да го пуштам тој сегмент, далеку бидејќи телото ми се менува“, изјави неодамна таа за „Вог“.

Сепак, голем е бројот на оние кои во најмала рака ги сметаат нејзините комбинации и гол стомак за одвратни.
Нејзината комбинација, за која се одлучила кога со своето момче „A $ AP Rocky“ отишла на вечера во луксузен ресторан во Санта Моника во неделата навечер, го крена светот на нозе и го разгори конфликтот меѓу двете страни.

Убавата 34-годишна девојка облечена во Миу Миу со комплет проѕирна, сребрена мрежа под која ѕиркаше светло сина сатенска долна облека. Аутфитот го комплетираше со сива јакна, сребрени сандали со прерамки, чанта полна со штрасови и „чокер“ ланче од светкави циркони.

Изгледа дека Ријана, можеби, малку претерала со оваа комбинација и дека таквиот сет е многу дискутабилен дури и за најубавата жена на светот.

фото:Профимедиа/Backgrid USA/АП/Vianney/ Le Caer

Останати вести од Радио Милева